Почетна » Новости » Актуелно » „Авицена лабораторија“ ги намали цените на тестовите за КОВИД-19

„Авицена лабораторија“ ги намали цените на тестовите за КОВИД-19

„Авицена лабораторија“ почнувајќи од 17.6.2021 година, ги намали цените на тестовите за КОВИД-19 за своите клиенти, и со тоа новите цени се следните:

  • Ковид-19 молекуларен PCR-тест за едно лице чини 2.000 денари
  • Ковид-19 молекуларен PCR-тест за две лица чини 1.800 денари (цена по лице)
  • Ковид-19 молекуларен PCR-тест за 3 или повеќе лица чини 1.600 денари (цена по лице)
  • Ултрабрз ковид-19 PCR-тест за едно лице чини 4.500 денари – резултати за само еден час
  • Ултрабрз ковид-19 PCR-тест за две лица чини 4.000 денари (цена по лице) – резултати за само еден час
Авицена лабораторија

Резултатите се издаваат истиот ден со бесплатен превод на англиски јазик, а тестовите се работат секој ден во неделата, односно од понеделник до сабота од 07.00 до 19.00 часот и недела од 08.00 до 13.00 часот во лабораторијата во населба Тафталиџе во Скопје, како и во лабораторија во Тетово секој работен ден од 07.00 до 14.00 часот и сабота од 08.00 до 14.00 часот.

Со секој напрaвен молекуларен PCR-тест за ковид-19 почнувајќи од денес 17.6.2021 до 4.7.2021 година, „Авицена лабораторија“ обезбедува и бесплатен тест за одредување неутрализирачки IgG антитела кон SARS-CoV-2 (антитела кон s-spike протеинот). Ова е високосензитивен тест што дава информација за имунолошкиот одговор на организмот по контакт со вирусот, односно по спроведена вакцинација.

„Авицена лабораторија“ е најголемата специјалистичка дијагностичка лабораторија во државата со повеќе од 120 вработени и над 16 години искуство и претставува една од првите лаборатории во државата која поседува меѓународен Сертификат за акредитација за квалитет и компетентност на медицински лаборатории, во согласност со стандардот MKC EN ISO 15189:2013.

Овој сертификат одговара на меѓународните барања и протоколи за патување во различни земји, со што резултатите за ковид-19 издадени од „Авицена лабораторија“ се валидни и ги исполнуваат условите за патување во странство.

За подетални информации посетете ја веб-страницата www.avicenalab.com.mk

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11054 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.