Почетна » Новости » Актуелно » Авантурата на Весна Бејби, Иван, Кике и Маја се ближи кон крајот – утре се открива мистериозниот вкус на WTFanta

Авантурата на Весна Бејби, Иван, Кике и Маја се ближи кон крајот – утре се открива мистериозниот вкус на WTFanta

По два месеци лов на мистериозниот вкус на WhatTheFanta, виолетовото лето се ближи кон крајот – мистериозниот вкус на виолетовата „Фанта“ ќе биде откриен утре, 2 септември, на Школка во Градскиот парк во Скопје.

Fanta

На настанот, чиј почеток е закажан за 12 часот, ќе присуствуваат и четворицата „ловци на вкусови“ – Иван Ајнштајн, Кике Цветче, Маја Кикириткова и Весна Петрушевска-Бејби, чија задача во изминатиот период беше да ги следат насоките и да ги наоѓаат трагите што водат до разрешување на мистеријата.

Fanta

Потрагата почна од виолетовата виљушка која ги доведе ловците на вкусот до виолетова шпатула. Потоа Иван и Кике добија задача да засадат семе од растение, за кое, откако порасна, заклучија дека многу потсетува на јагода. На една од охридските плажи беше пронајдена следната трага - виолетов миксер, па ловците заклучија дека мора да станува збор за нешто креместо. Последната задача всушност беше загатка чие решение нè доведе до зборот „сирење“. Во меѓувреме Бејби експериментираше во WTF кујната и дојде до „необични сознанија“ кои несебично ги споделуваше со јавноста.

Fanta

Многумина веќе претпоставуваат што се крие зад прашалникот, но за конечното откривање на мистериозниот вкус ќе почекаме до утре. Сите што ќе бидат присутни во Градскиот парк може да учествуваат и да ја играат финалната игра заедно со Иван, Кике, Маја и Весна. „Фанта“ за сите подготви многу изненадувања, кои ќе го направат крајот на овој лов уште позабавен.

Се гледаме на Школка!

Fanta

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.