Почетна » Новости » Актуелно » East Gate Mall: Безбедноста на вработените и на посетителите останува наш врвен приоритет

East Gate Mall: Безбедноста на вработените и на посетителите останува наш врвен приоритет

Слободното движење и безбедноста на секој што работи и нè посетува за нас се најважни и за ова да го оствариме, постојано ги превземаме сите мерки што ги имаме на располагање, велат од East Gate Mall. Во врска со инцидентот што вчера во попладневните часови се случи во подземните нивоа на молот, компанијата е во комуникација со надлежните органи и соработува за што побрзо расветлување на случајот.

East Gate Mall

„Целосно ја разбираме загриженоста на вработените и на посетителите и жалиме за непријатната ситуација во која што дел од нив се најдоа. Нашиот мол работи според највисоките стандарди и при секојдневното функционирање се почитуваат сите прописи за безбедност. За сигурноста на сите лица ги применуваме сите мерки што според законите ги имаме на располагање. На овој план имаме редовна соработка со надлежните органи. Овие принципи на работа ќе продолжиме да ги применуваме и ќе вложиме максимални напори истите во иднина да бидат уште подобри и поефикасни“ - истакнуваат од East Gate Mall.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11537 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.