Почетна » Новости » Актуелно » 36 новозаболени, 18 оздравени и 3 смртни случаи од коронавирус кај нас

36 новозаболени, 18 оздравени и 3 смртни случаи од коронавирус кај нас

Министерството за здравство известува дека во изминатото деноноќие има 36 нови случаи на КОВИД-19 во нашата држава.

Новозаболените се од Куманово (4), Скопје (22), Прилеп (3), Велес (3), Струга (3) и Битола (1).

Досега, вкупниот број на регистрирани лица заразени со новиот коронавирус е 1.117.

Коронавирус

Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, 2 од болницата во Дебар, а регистрирани се и 5 оздравени пациенти (2 од Кочани и 3 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Коронавирус

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85 и 77 години, а денеска во евиденцијата на ИЈЗ е регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил ковид позитивен. Пациентот починал пред 3 дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.