Почетна » Новости » Актуелно » 319 новозаразени и 2 починати од коронавирус

319 новозаразени и 2 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.250 тестирања, а има 319 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 162
  • Битола – 23
  • Прилеп – 21
  • Кавадарци – 20
  • Куманово – 16
  • Охрид и Гевгелија – по 10
  • Кичево и Ресен – по 7
  • Тетово – 6
  • Велес, Струмица, Кочани, Радовиш и Богданци – по 4
  • Гостивар и Свети Николе – по 3
  • Делчево и Валандово – по 2
  • Штип, Неготино, Крива Паланка, Берово, Кратово, Крушево и Демир Хисар – по 1

Од вкупниот број на позитивни (319), регистрирани се 54 реинфекциии.

ковид податоци

Регистрирани сe 288 оздравени пациенти од: Скопје – 161, Битола – 23, Прилеп – 18, Куманово – 14, Кавадарци и Велес – по 13, Кичево, Ресен и Крива Паланка – по 6, Тетово – 5, Гостивар – 4, Гевгелија, Штип и Неготино – по 3, Струмица, Кочани и Демир Хисар – по 2, Богданци, Кратово, Крушево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се две починати лица, од Скопје (69г и 71г), починати во болнички услови. Кај пријавените починати лица (2), се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.867, бројот на оздравени пациенти е 291.719, на починати е 9.164, а бројот на активни случаи изнесува 1.984.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10629 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.