Почетна » Новости » Актуелно » 3-месечно бебе кое беше спасено од под урнатините во Турција се обедини со мајка си 54 дена по земјотресот

3-месечно бебе кое беше спасено од под урнатините во Турција се обедини со мајка си 54 дена по земјотресот

Бебе, кое преживеа 128 часа под урнатините во Турција и беше спасено, сега се обедини со мајка си.

Бебе

Три и пол месечната Ветин и нејзината мајка Јасемин Бегдас се повторно заедно 54 дена по нејзиното спасување. Претходно се сметаше дека мајката загинала во земјотресот.

Бебето и мајката се обединиле откако им бил направен ДНК тест за потврдување на нивното крвно сродство. Таткото и двајцата браќа на бебето го изгубиле животот во земјотресот на 6 февруари кој уби повеќе од 50 илјади лица во Турција и Сирија.

„Бебето навистина е чудо. Фактот што преживеа и немаше здравствени проблеми сите нè трогна“– рекла министерката за семејство и социјални услуги на Турција, Дерја Јаник, која го сподели видеото од обединувањето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11995 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.