Почетна » Новости » Актуелно » 199 новозаразени, 120 оздравени и 8 починати од коронавирус во Македонија

199 новозаразени, 120 оздравени и 8 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие се направени 1.545 тестирања, а се потврдени 199 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје - 90
  • Куманово - 17
  • Дебар - 6
  • Штип - 9
  • Прилеп - 3
  • Тетово - 12
  • Струга - 12
  • Битола - 2
  • Охрид - 4
  • Кавадарци - 2
  • Гостивар - 5
  • Струмица - 2
  • Радовиш - 1
  • Крушево - 1
  • Пробиштип - 3
  • Демир Хисар - 1
  • Свети Николе - 24
  • Кичево - 3
  • Ресен - 2
Податоци

Институтот за јавно здравје регистрира 120 оздравени лица од: Скопје-94, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-9, Струга-1, Охрид-6, Гостивар-2, Крушево-1, Македонски Брод-1.

Починати се 8 лица, еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се тројца пациенти на возраст од 24, 63 и 64 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка на возраст од 54 години. Во КБ Тетотво починати сe двајца пациенти на возраст од 70 и 74 години. Во Струга во Завод за нефрологија е починат пациент на возраст од 56 години, во ОБ Струга почина пациентка на возраст од 83 години.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 3 деца позитивни и 4 деца со мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 111 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

  • Чаир – 309
  • Аеродром – 157
  • Бутел – 137
  • Гази Баба – 193
  • Центар – 143
  • Карпош – 143
  • Сарај – 124
  • Кисела Вода – 108
  • Ѓорче Петров – 101
  • Студеничани – 110
  • Шуто Оризари – 82
  • Арачиново – 45
  • Илинден – 28
  • Петровец – 18
  • Чучер Сандево – 11
  • Сопиште – 9
  • Зелениково- 13
  • Странец – 5
  • Нераспределен- 128

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.975, бројката на оздравени пациенти е 4.080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.519.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10359 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.