Почетна » Новости » Актуелно » 182 новозаразени и 6 починати од коронавирус во Македонија

182 новозаразени и 6 починати од коронавирус во Македонија

Драстичен раст на заболени од КОВИД-19 во нашата држава. Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие се направени 1.348 тестирања, а регистрирани се 182 нови случаи.

Новозаразените со SARS-CoV-2 според местото на живеење се од:

  • Скопје 107
  • Куманово 14
  • Штип 4
  • Тетово 23
  • Струга 5
  • Битола 2
  • Охрид 6
  • Гостивар 4
  • Струмица 1
  • Кочани 1
  • Берово 1
  • Ресен 13
  • Неготино 1
коронавирус

Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти од:

  • Скопје 22
  • Дебар 1
  • Штип 1
  • Прилеп 1
  • Тетово 1
  • Велес 2
  • Битола 1
  • Кочани 2
  • Свети Николе 1
  • Кичево 1

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани 121 пациент. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 35 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

  • Чаир – 336
  • Аеродром – 125
  • Бутел – 118
  • Гази Баба – 128
  • Центар – 121
  • Карпош – 103
  • Сарај – 105
  • Кисела Вода – 80
  • Ѓорче Петров – 62
  • Студеничани – 71
  • Шуто Оризари – 51
  • Арачиново – 38
  • Илинден – 24
  • Петровец – 12
  • Чучер Сандево – 8
  • Сопиште – 12
  • Зелениково – 1
  • Странец – 3
  • Нераспределен – 4

Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.664, бројката на оздравени пациенти е 1.836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.612.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.