Почетна » Новости » Актуелно » 150 новозаразени, 30 оздравени и 9 починати од коронавирус во Македонија

150 новозаразени, 30 оздравени и 9 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство објави дека во изминатите 24 часа направени се 1.086 тестирања, а регистрирани се 150 новозаболени со КОВИД-19.

Според местото на живеење, новозаразените со коронавирусот се од:

  • Скопје - 93
  • Куманово - 7
  • Штип - 3
  • Прилеп - 4
  • Тетово - 12
  • Струга - 3
  • Битола - 1
  • Гостивар - 3
  • Кочани - 1
  • Кичево - 8
  • Ресен - 5
  • Неготино - 1
Податоци

Починати се 9 лица, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти:

  • Скопје 21
  • Штип 3
  • Прилеп 2
  • Тетово 3
  • Битола 1

Досега во земјата се направени вкупно 57.895 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.906, бројката на оздравени пациенти е 2.236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.393.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.