Почетна » Новости » Актуелно » Вработените на урологија се откажаа од службени телефони и купија 18 клими за пациентите

Вработените на урологија се откажаа од службени телефони и купија 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, а на настанот беше соопштено дека вработените со хуман гест придонеле во подобрувањето на условите за пациентите.

Вработените од Клиниката се откажаа од субвенциите за службени мобилни телефони, во вредност од 500.000 денари. Наместо тоа, Клиниката со овие средства купи две машини за перење алишта и 18 клима уреди за болничките соби. Според раководството, овој чин е показател за посветеноста на доброто на пациентите.

Универзитетската клиника за урологија Универзитетската клиника за урологија

„За нас, овој проект не е само реновирање на болнички ѕидови – ова е реновирање на системот, на вредностите, на односот кон пациентите и професионалноста во здравството. Посветени сме да создадеме Клиника која нуди достоинствен престој, современо лекување и човечка грижа. Благодарен сум на целиот тим што застанавме зад овие промени, со заедничка посветеност. За помалку од една година, Клиниката за урологија стана пример, како со тимска работа и вистински вредности, може да се создаде модерен и ефикасен здравствен систем, достапен тука, дома,“ изјави директорот д-р Башким Шабани.

Целосно беше реновирано болничкото одделение со вкупна инвестиција од 300 илјади евра (100 илјади евра од фондовската сметка, 100 илјади од донации и 100 илјади од сопствени средства на Клиниката).

Просториите се целосно трансформирани во современи болнички соби, уредени како апартмани. Секоја соба е опремена со нови болнички кревети, ЛЦД телевизори, нови тоалети, клима-уреди и бактериолошки прочистувачи на воздух. Климатизацијата на целиот простор создаде значително похумани услови за пациентите, особено во текот на летните месеци кога температурите се високи, а болничкиот престој може да биде непријатен.

Универзитетската клиника за урологија Универзитетската клиника за урологија Универзитетската клиника за урологија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28361 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.