• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Љубовни врски

Зошто е бакнувањето толку важно?

4 октомври 2009, 23:50
  • cподели

Бакнувањето и врската

Покрај што е толку пријатно и што ни дава задоволство, бакнувањето игра многу важна улога во една врска. Тоа ја има улогата на мост помеѓу водењето љубов и останатите активности во животот, т.е. бакнувањето е начин да останете интимни со партнерот.

Бакнување
Бакнувањето ја одржува блискоста со партнерот, а може и да го подобри вашето здравје.

Ако не го практикувате бакнувањето често, можете да ја загубите блискоста со партнерот и да заборавите колку е специјален мигот кога вашите усни се среќаваат.

Затоа, без да си барате изговори дека немате време и дека вашиот живот е многу активен, одделете време за бакнување. Бакнете го партнерот кога тој најмалку го очекува – во кујната, кога ќе заглавите во сообраќајот... Ќе се изненадите колку многу ситуации има кои можете да ги искористите за да го бакнете него, потребно е само да сакате и да ги побарате.

Бакнувањето и здравјето

Медицинските експерти тврдат дека бакнувањето е ефективен лек против многу болести. Еве што ќе подобрите кај вашето здравје, ако се препуштите на задоволството наречено француски бакнеж.

Долгото бакнување и кардиоваскуларниот систем. Бакнежите кои траат долго време, се добри за циркуларниот систем. Додека се бакнувате, вашиот срцев ритам се забрзува до 110 удари во минута. Тоа е одличен тренинг за кардиоваскуларниот систем.

Бакнувањето е превентива за болестите на белите дробови. По бакнувањето, белите дробови работат побрзо и вие вдишувате и издишувате околу 60 пати во текот на една минута. Во нормални услови вие тоа би го правеле 20 пати во минута.

Бакнувањето го подобрува денталното здравје. Некои експерти веруваат дека бакнувањето е ефективно средство за заштита од кариес. Навистина, бакнувањето го стимулира лачењето на плунка, која ги елиминира киселините од забите. Страсните бакнувачи се изложени на помал ризик од болести на непцата. Најдобриот лек за парадентозата е масажа на непцата.

Бакнувањето го редуцира стресот. Бакнежите кои траат подолго од 3 минути, помагаат против стрес. Долгото бакнување предизвикува редица биохемиски реакции, кои ги редуцираат хормоните за стрес.

Tags
бакнувањето
бакнување
врска

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.