• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Жените носат панталони секој ден“: Актерот кој носеше фустан на Оскар го објасни својот моден избор

25 февруари 2019, 15:30
  • cподели

Били Портер зачекори во долг кадифен сако-фустан на црвениот тепих на Оскар 2019 и разбирливо привлече големо внимание кон себе.

49-годишниот актер од серијата „Pose“ избра креација која е дело на дизајнерот Кристијан Сиријано, а ја надополни со обувки од Рик Овен и накит од Оскар Хејман.

Били Портер Били Портер Били Портер Били Портер Били Портер

Со својот изглед Портер целел да му се спротивстави на строгиот дрес код во Холивуд и да ги поттикне мажите да бидат поигриви при изборот на облека за на црвениот тепих.

Во интервју за „Вог“, Портер ја образложи својата одлука:

„Модата отсекогаш ме инспирирала. Баба ми, мајка ми – отсекогаш имаа стил. Растев сакајќи ја модата, но имаше ограничувања на начините на кои можев да се изразувам себеси. Кога си црнец и хомосексуалец, твојата машкост е доведена во прашање. Сум се соочувал со хомофобија поради мојот избор на облека.“

„... Сега, кога сум во Pose, ме канат на црвениот тепих и јас имам нешто да кажам преку облеката. Целта ми е да бидам движечко парче политичка уметност секојпат кога ќе се појавам. Да ги предизвикам очекувањата. Што е мажественоста? Што значи тоа? Жените секој ден се појавуваат во панталони, но кога маж ќе носи фустан, тоа е чудо големо. Верувам дека мажите на црвениот тепих би сакале да бидат поигриви. Оваа индустрија се маскира како инклузивна, но актерите се плашат да играат, бидејќи ако покажат нешто кое излегува од статус кво, тие може да бидат гледани како женствени и како резултат на тоа, нема да добиваат мажествени улоги, улоги на суперхерои“ – рекол Били.

Били Портер Били Портер Били Портер Били Портер Били Портер Били Портер Били Портер Били Портер

Бидејќи Били беше задолжен за интервјуирање на ѕвездите на црвениот тепих, тој подоцна се пресоблече во стајлинг со палацо панталони и смокинг.

Били Портер Били Портер Били Портер Били Портер

Највпечатливата реакција на изгледот на Били ја имаше актерката Глен Клоус.

I can’t breathe....what is happening here?!pic.twitter.com/d4sCMQDygJ

— #NickiWRLDTour - Europe (@saytruuuth) February 25, 2019
Tags
Оскар 2019
Оскар
Били Портер

Најнови

  • Емакуате Вандера Блажески

    „Во Кенија се слави Божиќ со заеднички собири на многу сонце, во Македонија е поинтимен и семеен“: Празнично со Ем Вандера Блажески

    Wed, 01/07/2026 - 17:22
  • Отец Михаил

    „Божиќ нè потсетува дека домот е храм на љубовта… Добрината носи радост, а простувањето ја обновува душата“: Отец Михаил за духовната смисла на Божиќ

    Wed, 01/07/2026 - 00:30
  • Бадник и Божиќ во семејството на Нина и Борко Ристовски

    „Децата ги причестуваме, а божиќното утро е најубавото и прво одиме во црква“: Нина за Бадник и Божиќ во семејството Ристовски

    Tue, 01/06/2026 - 16:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.