• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Жена родена без матка стана мајка откако сестра ѝ го роди нејзиниот син

2 март 2015, 16:30
  • cподели

Сузан Хјуз стана мајка благодарение на својата сестра која го роди нејзиниот син.

Сузан Хјуз

33-годишната Англичанка дознала дека е родена без матка кога имала само 16 години. Очајната тинејџерка тогаш со солзи во очите отишла кај сестра си Сара, која без двоумење ѝ ветила дека ќе направи сè за да ѝ помогне. „Ми рече дека кога ќе дојде денот и кога јас ќе сакам да имам деца, таа ќе ги носи за мене“ – изјавила Сузан.

Сузан и СараСузан (лево) и сестра ѝ Сара (десно)

Седумнаесет години подоцна, Сара не отстапила од своето ветување и иако имала три свои деца за кои требало да се грижи, со задоволство прифатила да стане сурогат-мајка. Сузан и нејзиниот партнер Мајк инвестирале десетици илјади долари за докторите вонтелесно да оплодат нејзини јајце клетки, со цел преку ин витро постапка Сара да остане бремена.

Сузан Хјуз

Првите два обиди биле неуспешни, а додека траела процедурата Сузан се чувствувала многу непријатно, бидејќи Сара имала ужасни главоболки како последица од лекарствата кои ги примала. По вториот неуспешен обид, Сузан донела одлука дека третото ин витро ќе биде и последно, бидејќи не можела повеќе да ја гледа сестра си изморена.

Сара и семејството на СузанСара и семејството на Сузан

Сара во ниту еден момент не се откажала и покрај своите семејни обврски. Упорноста се исплатила кога пожртвуваната сестра видела две црти на тестот за бременост и конечно можела да ја израдува сестра си. „Кога ми се јави Сара и ми кажа дека ќе станам мајка, солзи започнаа да ми течат по лицето. Тоа беше најубавиот момент во мојот живот“ – рекла Сузан.

Сузан Хјуз

Сузан била првата личност која го зела в раце малиот Дуги по раѓањето во ноември 2013 година. „Зборовите не се доволни да ја опишат неизмерната љубов која ја почувствував кога го зедов Дуги во прегратка. Тој беше сè за што некогаш сме сонувале и ја обожавам улогата на мајка. Толку сум среќна што го имам совршеното семејство, а тоа е благодарение на мојата поголема сестра“ – рекла Сузан. „Поголемите сестри треба да се грижат за помалите, но мојата отиде подалеку. Таа ми ги исполни сите соништа“ – додала Сузан.

Сузан Хјуз Сузан Хјуз

Сара длабоко во себе отсекогаш била подготвена да ја одигра својата улога во раѓањето на Дуги. „Кога ме замоли во 2011 година, веднаш одговорив дека ќе го износам нејзиното бебе, без дури и да разговарам со мојот сопруг. Тоа отсекогаш беше во моите мисли и знаев дека времето ќе дојде. Не ми беше тешко да го предадам по раѓањето, зашто никогаш не го гледав Дуги како мој, јас бев само „рерна“. Сепак, ние имаме специјална врска тетка-внук“ – објаснила Сара.

Сузан Хјуз
Tags
сестринска љубов

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.