• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Зелено кафе“ во кесички забрането за употреба

8 март 2010, 16:35
  • cподели
Зелено кафе„Зелено кафе“ во кесички – забрането за употреба.

Во последните неколку месеци многу жени и мажи го присвоија српскиот производ „Зелено кафе“ како свој сојузник во борбата со килограмите.

Но, денес Дирекцијата за храна го забранила зеленото кафе пакувано во кесички и во моментов се повлекуваат од продажба сите дистрибуирани количини од аптеките. Овој препарат, кој што е наменет за слабеење, е небезбеден согласно Законот за безбедност на храната.

Причината за ваквата одлука на Дирекцијата е тоа што зеленото кафе пакувано во кесички ја содржело супстанцијата сибутрамин, а тоа не било посочено во производната спецификација.

Сибутрамин е супстанција за лекување на дебелина, која се произведува во САД и дејствува преку намалување на апетитот. Но, поради негативните последици кои ги има врз здравјето, особено кај болните од срцеви заболувања и зголемен крвен притисок, таа е забранета за употреба во Европската Унија.

Tags
зелено кафе

Најнови

  • Мартинијан Кириловски и Лара Денковиќ

    Филмско запросување во Рим: Мартинијан Кириловски ја побара за жена саканата Лара на романтична вечера пред Колосеумот

    Wed, 04/29/2026 - 23:29
  • Вознемирувачки снимки: Бебиња биле врзувани и малтретирани во градинка во Индонезија

    Wed, 04/29/2026 - 13:58
  • Balea маска

    За 119 денари до „glow“ ефект: Balea Glass Skin маската за лице е новиот фаворит во dm

    Wed, 04/29/2026 - 13:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.