Запеа за братот Томче, исполни ветување кон 8-годишен фан, пееше со Слаткар: Калиопи со фантастичен концерт во Скопје
Изминатиов викенд, Калиопи одржа спектакуларен концерт во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
На музичкиот спектакл, со кој 59-годишната пејачка одбележа 50 години музичка кариера, таа изведуваше свои големи хитови, а на сцената запеа и со Слаткар и со 8-годишен фан кому му имала ветено дека ќе пеат заедно.
Калиопи и малиот Никола изведоа забавна верзија на „Македонско девојче“.
„Црно и бело“, „Не ми го земај времето“, „Ако денот ми е ноќ“, „Бато“... Калиопи ги редеше своите хитови, а на изведбата на „Обои ме“, нејзе на сцената ѝ се придружи Слаткар. Тие ја изведоа и заедничката песна „Води ме“.
Македонската музичка дива запеа и за својот брат Томче, кој ја гледаше од првиот ред во публиката. На негово барање, таа ја изведе баладата „Како солза“.
Слаткар сподели фотографија со Калиопи од концертот и напиша:
50 години на сцена.
Половина век музика, емоции и безвременски песни ❤️
Калиопи ти си доказ дека вистинската уметност со годините станува уште повредна.
Честитки за магичниот концерт 🪄
ТЕ САКАМЕ, СИТЕ
„Оваа жена е една магија што тешко се доловува со зборови. Спектар на емоции што не може да се објасни. Една љубов што секојпат ја доживуваш одново, без разлика колкупати си ја видела и слушнала“ – стои во описот на едно видео од Калиопи објавено од Симона Гелова.