Љубовта меѓу Бергузар Корел и Халит Ергенч не губи од својот сјај.
Речиси 17 години по нивната венчавка, познатиот турски актерски пар ги воодушеви фановите со заеднички настап на сцена во Истанбул.
Актерката, позната по улогата на Шехерзад од серијата „1001 ноќ“, беше дел од свеченото отворање на 14. сезона на Zorlu PSM, каде настапи пред публиката. Најголемото изненадување дојде кога на сцената ѝ се придружи нејзиниот сопруг.
Ергенч, кој кај нас е познат по улогите на Онур во „1001 ноќ“ и Султан Сулејман од „Величествениот“, застана покрај сопругата и двајцата заедно пееја и танцуваа.
Бергузар и Халит се запознаа на снимањето на серијата, а нивната љубов од екранот се пресели во реалниот живот. Во август 2009 година стапија во брак, а денес се родители на три деца.
Ова не е првпат турскиот пар да пее заедно на музичка сцена. Уште во 2019 година Халит ѝ се придружи на саканата на нејзин настап, кога заедно ја отпеаја „Can't Take My Eyes Off You“.