• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Viva la Vita – духот на Италија во мирисливо шишенце

17 февруари 2017, 13:22
  • cподели

Честопати ни е потребно мало потсетување за да му се радуваме на секој нов ден и со полни гради да уживаме во ситните задоволства. Поради тоа AVON го креираше новиот парфем Viva la Vita, инспириран од Италија – земјата која зрачи со страст, посебна атмосфера и мириси, чии жители се познати по позитивниот став и хедонизмот.

Промовиран неодамна, Viva la Vita е најновиот женски мирис од AVON кој го прави убав секој ден. Инспирацијата за овој парфем доаѓа од жените кои зрачат со самодоверба, живеејќи го секој момент со полни гради. Овој парфем ослободува чувства на опуштеност, живост и слобода во изразувањето.

Viva la Vita

Новиот парфем, кој претставува совршен спој на сочен, црвен грејпфрут со возвишена фузија на јаболко, кремасти ноти на магнолија и сензуална ванила, ќе стане сила која што ве придвижува и поттикнува да уживате во магијата на секој момент.

- Viva la Vita ja одразува храброста и слободата да го правите она што ве прави среќни и да живеете за секој момент. Со комбинација на топол, цветен и овошен мирис, Viva la Vita е идеален подарок за моќни жени полни со самодоверба – велат од менаџерскиот тим на AVON Македонија.

Италијанците уживаат во малите работи, од вкусните залчиња, топката сладолед и чаша добро вино, до семејниот ручек и залезот на сонцето. Многумина сметаат дека токму тие ја развиле уметноста на живеењето, а благодарение на мирисот Viva la Vita тој позитивен италијански дух може да стане дел од вашето секојдневие.

- Фокусирајте се на она што ве прави среќни. Пронајдете време за себе, своите пријатели, семејството, престанете да брзате, почнете да ги цените ситниците и пронајдете мотивација во секој нов ден, бидејќи новиот овошен мирис е ваш идеален партнер за дневна инспирација – порачуваат од AVON Македонија.

Viva la Vita

Со Viva la Vita секој ден ќе ви биде посебен, а сите подетални информации за производот се достапни на интернет страницата avoncosmetics.com.mk, додека порачките може да се пласираат преку најблискиот AVON Претставник. Во тековната AVON брошура, парфемот Viva la Vita е достапен по цена од 799 денари во понуда како специјален премиерен комплет заедно со лосион за тело и сјај за усни во нијанса по избор.

AVON е компанија која веќе 130 години гордо се залага за убавина, иновации, оптимизам и над сѐ – за жените. Производната палета на AVON ги содржи добро познатите и посакувани брендови како ANEW, Avon Color, Skin-So-Soft и Advance Techniques. Продаван преку скоро 6 милиони активни независни Претставници, производите на AVON ги воодушевуваат потрошувачите во скоро 70 земји во светот. Информирајте се повеќе за AVON и неговите производи на www.avoncompany.com

Промотивен текст

Tags
Avon
Авон

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.