Вечерва ќе биде второто полуфинале на Евровизија 2017. На музичкиот натпревар, кој оваа година се одржува во Киев, Македонија ќе ја претставува Јана Бурческа.
23-годишната македонска ѕвезда ќе настапи трета по ред и со својата песна „Dance Alone“ ќе се бори за влез во финалето.
Додека да видиме како ќе изгледа Јана на големата сцена, да се потсетиме на настапите на сите изведувачи кои досега ја имаат претставувано Македонија на Евровизија.