• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Трчав во паника, слушајќи ги сирените“: Снежана Лупевска Созен се присети на терористичкиот напад на 11 Септември

11 септември 2026, 11:22
  • cподели

Пред точно 25 години, светот беше потресен од веста за нападите врз Светскиот трговски центар во Њујорк. За оние кои тој ден се нашле таму, секој 11 Септември евоцира спомени на страв и неверување.

Македонската новинарка Снежана Лупевска Созен во тој момент се наоѓала на Менхетен. Несвесна за целосните размери на трагедијата, таа трчала заедно со толпата луѓе, додека низ улиците одекнувале сирените.

Но, наместо да бара начин да побегне, Снежана во паниката размислувала како да ја пренесе информацијата до Македонија. Барала телефонска говорница за да ја извести тогашната А1 Телевизија дека во Њујорк се случил терористички напад.

Таа раскажа за страшните моменти во кратка објава на социјалните мрежи.

„25 години од нападот на World Trade Center во New York. Ден кога несвесна што се случува трчав со толпата народ на Менхетен во паника, слушајќи ги звуците на сирените, но јас трчав барајќи телефонска говорница за да известам преку тогашната А1 Телевизија дека се случил терористички напад“ - напиша таа.

„Сеќавање на жртвите, но и на оние кои со денови се обидуваа да спасат преживеани под урнатините на World Trade Center“ – дополни Лупевска Созен.

На 11 септември 2001 година, САД беа погодени од серија координирани терористички напади. Два киднапирани авиони удрија во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, по што двете згради се урнаа. Трет авион удри во Пентагон, додека четвртиот се урна во Пенсилванија, откако патниците се обиделе да ја преземат контролата врз авионот. Во нападите загинаа речиси 3.000 луѓе, а настанот остави длабока трага врз САД и целиот свет.

Tags
Снежана Лупевска Созен

Најнови

  • Глобалната потреба за ладење забрзано расте: што покажуваат прогнозите до 2050?

    Mon, 10/26/2026 - 16:10
  • dm bring your best friend

    Два викенда, повеќе од 130 учеснички: dm bring your best friend ги обедини женското здравје и пријателството во Маврово

    Mon, 10/26/2026 - 14:55
  • Велина Стаменковиќ

    Прозборела со македонска песна, хуманоста ѝ е секојдневие: 16-годишната Велина од Врање го освојува Балканот со својот глас

    Mon, 10/26/2026 - 14:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.