• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Трансформациите на Метју Меконахи: Откако драстично ослабе, видливо се здебели за нов филм

15 декември 2016, 19:32
  • cподели

Метју Меконахи се прослави како мускулест заводник од романтични филмови.

Метју Меконахи

Но, во последните неколку години, неговиот имиџ потполно се промени. Сериозните улоги, одличната глума и подготвеноста за физички трансформации го поставија меѓу најпочитуваните актери на денешницата.

Неговите физички трансформации за улоги привлекуваат огромно внимание. Откако тој ослабе 17 килограми за улогата во „Dallas Buyers Club“ и изгледаше како да е „кожа и коски“, 47-годишниот Американец отиде во другата крајност и се здебели до речиси 100 килограми за улогата во новиот филм „Gold“. МетјуМетју на снимањето на Dallas Buyers Club (лево) и на Gold (десно) Со одличната глума во „Dallas Buyers Club“, тој заслужено го доби својот прв Оскар за Најдобар актер во 2014 година.

Метју Меконахи

Дејството во „Dallas Buyers Club“ се одвива во 1985 година и ја раскажува вистинската приказна за Рон Вудруф (Метју Меконахи). Рон е човек заболен од ХИВ/СИДА на кого докторите му прогнозираат уште 30 дена живот.

Погледнете фотографии од драстичната трансформација на Меконахи:

Метју Меконахи Метју Меконахи Метју Меконахи Метју Меконахи Метју Меконахи Метју Меконахи Метју Меконахи Метју Меконахи Метју Меконахи

Трејлер за „Dallas Buyers Club“

По големиот успех, холивудската ѕвезда пред себе имаше нов предизвик – улогата во филмот „Gold“. Во него, Меконахи глуми неуспешен бизнисмен кој ќе тргне во потрага по злато во џунгла во Индонезија.

За овој филм, Метју ја покачил својата телесна тежина за 18 килограми и тежел речиси 100 килограми. Во шоуто на Елен Деџенерис, тој изјави дека процесот на дебелеење бил забавен, бидејќи јадел чизбургери и пица и пиел пиво секогаш кога ќе посакал, но потоа призна дека губењето на килограмите не било баш забавно.

Нему ми биле потребни 8 месеци за да се здебели доволно за филмот, а 6 месеци напорен тренинг и здрава исхрана за да се врати повторно во добра физичка форма.

Метју Меконахи Метју Меконахи Метју Меконахи Метју Меконахи Метју Меконахи Метју Меконахи Метју Меконахи Метју Меконахи Метју Меконахи

Трејлер за „Gold“

Премиерата на „Gold“ е закажана за 27 јануари следната година.

Tags
Метју Меконахи

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.