• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„ТОШЕ, ТЕ САКАМЕ СИТЕ“: Ново урбано катче со хортикултурно уредување и музички настан во Ново Лисиче во чест на Тоше Проески

14 октомври 2026, 11:43
  • cподели

По повод 19-годишнината од трагичната сообраќајка на Тоше Проески, ООУ „Лазо Ангеловски“ заедно со наставниците и родителите го организира настанот „Тоше, те сакаме сите“. Настанот ќе се одржи на 16 октомври 2026 година со почеток во 16:00 часот на улицата „Тоше Проески“ во Ново Лисиче.

Под пораката „Добрината не престанува – таа расте“ настанот ќе обедини ученици, родители, наставници, музичари и граѓани во сеќавање на музиката и хуманоста на Тоше.

Програмата ќе започне со „Чекори на добрината“ – заедничка прошетка од училишниот двор со детски пораки за љубов, пријателство и хуманост. Ќе следува свечено отворање на новото хортикултурно уредено паркче во чест на Тоше. Во него се засадени девет генерациски дрвја како симбол на поврзаноста меѓу децата и вредностите што тој ги остави зад себе.

Централната програма ќе се одржи кај фонтаната со неговиот лик на Детската улица. Училишниот хор ќе ја изведе песната „За овој свет“. Предвидени се и обраќања на претставници на училиштето, Општина Аеродром и родителите.

Покрај хорот и оркестарот на ООУ „Лазо Ангеловски“ во музичката програма ќе настапат Next Time, Ламбе Алабакоски, Филип Божиновски, Владимир Поповски, Тамара Волчевска, Мими Јовановска, Бојана Арсовска, The Crew, Дамјан Димевски и Ангела Влинтовска.

Ќе се претстават и музичките таленти Михаил Милошевски, Јосиф Коштримовски, Билјана Ивановска, Андреј Цаневски, Нела Манчевска, Лара Митевска, Бјанка Џорџиана Дуца и Агнеа Русомаровска. Со своите настапи ќе му оддадат почит на Тоше и неговото творештво.

Настанот е поддржан од Општина Аеродром, ЈУ „Универзална сала“ Скопје и агенцијата „Lions in Move“, а потпомогнат од „Местенце“, „Baking Bread“ и „Лапетит Милдфуд“.

Организаторите ги покануваат сите граѓани да се придружат и преку песна и заедништво да го зачуваат споменот на Тоше и неговата порака за љубов и добрина.

Тоше, добрината продолжува!

Tags
Тоше Проески

Најнови

  • „ТОШЕ, ТЕ САКАМЕ СИТЕ“: Ново урбано катче со хортикултурно уредување и музички настан во Ново Лисиче во чест на Тоше Проески

    Wed, 10/14/2026 - 11:43
  • „Бременоста не е лесна за сите“: Блогерка се отвори за борбата со ендометриозата и тешкиот пат до второ дете

    Wed, 10/14/2026 - 10:37
  • „Ти си мојата најголема желба, ти ме направи мајка“: Бојана Скендеровски за роденденот на ќеркичката Искра

    Wed, 10/14/2026 - 10:32
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.