Торта со мотори и весела забава за Марко: Синот на Влатко Лозаноски прослави втор роденден
Синот на Влатко Лозаноски наполни две години.
Марко најпрво ги дувна свеќичките во домашна атмосфера во пижами, а потоа македонскиот пејач и неговата сопруга Сава организираа детска забава во игротека.
Тортата и декорациите беа во знакот на неговите омилени мотори, а на прославата беше присутна и маскота со ликот на суперхеројот Спајдермен.
Малиот славеник изгледаше преслатко како „мал моторџија“ со црна кожена јакна.
Марко доби многубројни роденденски честитки на социјалните мрежи од најблиските и пријателите на неговите родители.
Љубовта кон моторите Марко ја има наследено од Лозано.
Тие делат и уште една страст. 2-годишниот Марко е и музички надарен, судејќи по видеата кои мајка му ги објавува на социјалните мрежи.