Торта на 10 ката, гости од српската естрада, провокативен стајлинг... Атмосферата на забавата на инфлуенсерката Дуња Јованиќ
Гламур, розова магија и славни гости – вака изгледаше прославата по повод 5 години од модниот бренд на инфлуенсерката Дуња Јованиќ, која синоќа се одржа во Белград.
Во нејзин стил, настанот беше во розова тематика, од декорот и розовиот тепих, до масите наредени во форма на бројот 5. Домаќинката го украде целото внимание со провокативен стајлинг кој вклучуваше минијатурна сатенска ноќница во комбинација со долга бањарка која се влечеше зад неа.
Вечерта беше исполнета со музика и изненадувања, а Дуња спектакуларно ги дувна свеќичките на огромната торта на десет ката.
На влезот гостите ги пречека необична инсталација во форма на огромна кошула, еден од заштитните модели на брендот BEBÉ by Dunja.
На забавата присуствуваа бројни познати личности од српската естрада, меѓу кои Наташа Беквалац, Сека Алексиќ, Саша Ковачевиќ, Сара Јо и Николија Јовановиќ, додека од српските глумци присутни беа Андрија Милошевиќ, Милена Радуловиќ и Тамара Драгичевиќ.