• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Топ 15 модни трендови – пролет/лето 2013

26 март 2013, 15:36
  • cподели

Првите пролетни денови сигнализираат дека е време за освежување на стилот. Нè очекува геометриска модна сезона, исполнета со риги, принт кој имитира шаховска табла и точкести дезени. Пред нас е сезона која ја прославува женственоста преку цветни креации, чипка, развеани модели, ориенталски мотиви, проѕирни панели и лесни како пердув материјали. Започнува модна сезона ослободена од правила и обвиена во привлечноста на едноставноста.

Задоволете си ја љубопитноста и дознајте кои трендови ќе ја одбележат новата сончева сезона.

Риги манија

Ригите експлозивно се наметнаа како тренд кој едноставно нема да можете да го заобиколите. Хоризонтални, вертикални или дијагонални, црно-бели, морнарски или разнобојни, широки или тесни... не се ограничувајте.

Риги манијата се распространи на блузи, кошули, панталони, здолништа, фустани и модни додатоци, па слободно грабнете го омиленото модно парче со штрафти и не се двоумете дали да го искористите во топлите денови. Сепак, важно е да ги изберете вистинските риги за вас, затоа што овој тренд крие ризик од позаоблен изглед на телото. Судирањето на различни риги е нов начин за носење на трендот. Така, нема да погрешите ако носите блуза со хоризонтални, а здолниште со вертикални риги.

Риги манија

Црно-бела игра

Модната сцена очигледно се замори од силните бои, неонските нијанси и „колор-блок“ трендот кои беа доминантни минатата година, па дизајнерите ја прочистија палетата и се насочија кон вечно модерните бела и црна боја. Никој не остана рамнодушен на едноставноста и безвременскиот шарм на црно-белата комбинација.

Црно-бела игра

Редуцирани карнери

Заборавете ги плисираните здолништа. Карнерите ги добија своите пет минути, но тука станува збор за редуцирани и елегантни карнери, а не натрупани набори. Низ колекциите на врвните дизајнери карнерите ги видовме на јаки, на ракави и на здолништа, што значи дека нема да ви е тешко да експериментирате со нив.

Редуцирани карнери

Смарагдно-зелено волшепство

Зелената боја асоцира на обновување, просперитет, единство, баланс и хармонија, па не е воопшто чудно што Pantone ја избра смарагдно-зелената за боја на 2013 година. Обојте се во оваа богата и ведра нијанса која ја носи со себе волшебната привлечност на смарагдот за да постигнете софистициран изглед.

Смарагдно-зелено волшепство

Деним шик

Стилот на 90-тите години се протна на модните писти преку деним креации. Ископајте ги широките фармерски кошули, сините тесни фармерки и фармерските јакни кои пред повеќе од десетина години ги закопавте во плакарот и освежете го вашиот лежерен уличен стил.

Деним шик

Футуристички сјај

Иридесценција – тренд кој го хипнотизира окото. Ткаенини со сјајни површини на кои се прелеваат боите беа освежителна новост на модните писти, особено затоа што редовно креациите со металик сјај се резервирани за студената сезона и зимата.

Футуристички сјај

Шаховска табла

Виновник за трендот шаховска табла е Марк Џејкобс, или поточно неговата последна колекција за Луј Витон. Смелиот принт со квадратчиња ги освои модните критичари, стилисти и холивудски ѕвезди. Но, колку и да е интересен на фотографиите од модните едиторијали или на црвениот тепих, овој тренд е голем предизвик ако сакате да го вклопите во секојдневниот стил. Ако изберете фустан, јакна или панталони со квадратчиња, минимизирајте ги модните додатоци за да не делувате нападно, а останатата облека нека ви биде еднобојна. Најбезбеден избор се модни додатоци со квадратчиња. Црно-белите квадрати се најпопуларни, но не бегајте ни од бело-зелени, бело-жолти и бело-бежови комбинации.

Шаховска табла

Цветен микс

Пролетта и летото не може да минат без женствениот цветен принт. И во црно-белата сезона која е пред нас, не смеете да ги заборавите цветните креации. Нов начин за носење на трендот се цветните апликации. Модните писти беа преплавени со креации и модни додатоци украсени со мали цветови за тридимензионален ефект.

Цветен микс

Проѕирни панели и отсечоци

Кажете ѝ збогум на пристојноста. Дизајнерите ве канат да покажете малку повеќе кожа со проѕирни парчиња и отсечоци на фустани, блузи и здолништа. Најчесто отсечоците и проѕирните делови се во областа на половината, па затоа се вели дека „must-have“ оваа пролет е рамен и стегнат стомак.

Проѕирни панели и отсечоци

Алфа жени

Костумите не се само за мажи. Дизајнерите го форсираат изгледот „алфа жени“, затоа што ја истакнува самодовербата и моќта на жената. Оваа сезона костумите доаѓаат во секакви форми – со здолништа, долги или кратки панталони. За преферирање се костумите кои имаат впечатливи детали кои ги прават незаборавни и го потенцираат индивидуалниот стил.

Алфа жени

Здолништа со преден шлиц

Покажете ги нозете. Никој не може да каже дали здолништата се помодерни ако се мини, макси или миди, бидејќи сите се подеднакво застапени во новите колекции. Но, модните експерти се согласуваат – предниот шлиц е елементот по кој се препознаваат здолништата на 2013 година. Најчесто здолништата имаат два шлица, на надворешните страни на нозете. Неретко шлицот е еден, но висок до бутовите.

Здолништа со преден шлиц

Кожа за топло време

Широк круг на дизајнери го репризираа нивниот романтичен танц со кожата од зимата. Иако е малку неочекувано, експериментирањето со кожата продолжува и во сончевите месеци. Освен црната кожа, модерна е и кожата во повесели бои – корална, жолта, светлозелена, црвена. Перфорираната кожа се покажа како мини тренд, а исто така и кожените модели со ласерски отсечоци.

Кожа за топло време

Бермуди

Никој не вели да ги заборавите кратките панталончиња, особено кога сакате да ги истакнете нозете, но бермудите се новиот тренд којшто ги привлекува модните зависнички. Дизајнерите ги комбинираа со еднобојни сакоа како летна варијанта на популарниот женски костум или со впечатливи блузи во силни бои.

Бермуди

Петар Пан јаки и бели кошули

Кошулите се помодерни отсекогаш. Белата кошула е задолжително парче облека за топлите денови. Меѓу најинтересните кошули за сезонава се кошулите без јаки. Од друга страна, останува актуелен трендот на Петар Пан јаки, кои си го пронајдоа местото не само на кошули, туку и на блузи и фустани.

Петар Пан јаки и бели кошули

Дамска чипка

Не е важно дали е искористена како акцент или како главна атракција – женствената чипка си го зачува своето место меѓу трендовите. Деликатниот изглед на чипката примами премногу обожавателки за да може лесно да замине во модната историја.

Дамска чипка
Tags
трендови пролет лето 2013

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.