• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Тебе времето те претвори во вечност“: Весна Петрушевска емотивна на 19-годишнината од смртта на Тоше

16 октомври 2026, 12:38
  • cподели

Деветнаесет години по трагичната смрт на Тоше Проески, болката не исчезнува, а љубовта кон човекот со ангелски глас останува подеднакво силна.

Весна Петрушевска, која со години негуваше близок однос со прерано починатиот пејач, му посвети емотивни зборови, споделувајќи ја тагата по неговото заминување и љубовта која ниту времето не успеало да ја избрише.

Тоше,

19 години отсуство, а толку многу присуство. ❤️

Има луѓе што времето ги претвора во спомен. Тебе времето те претвори во вечност.

Те има во песните што сè уште нè распарчуваат и нè составуваат, во гласот што го препознаваме меѓу илјадници, во добрината што ни ја остави како аманет. Те има во секоја солза што ќе потече кога ќе слушнеме некоја твоја песна и во секоја насмевка што ќе ни се врати со неа.

Деветнаесет години се обидуваме да се помириме со фактот дека светот продолжи без тебе. Но некои заминувања не се прифаќаат. Со нив само се учи да се живее, носејќи ја љубовта како нешто што никогаш не завршило.

Ти не си само дел од нашето минато. Ти си дел од она што сме денес. Од нашата младост, од нашите најубави спомени, од едно време во кое имавме среќа да бидеме твои современици.

И ако постои нешто што може да ја победи смртта, тогаш тоа е ова — да бидеш сакан и кога те нема, да недостигаш и кога сите твои песни се тука, да живееш во срцата на луѓето како никогаш да не си заминал.

19 години без тебе....те сакам 💛❤️најпојќе и ме прелажа, не се дочува❤️🖤

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vesna Petrushevska (@vesnapetrushevska)

Весна и Тоше беа многу добри пријатели.

Тоше почина на 16 октомври 2007 година во Нова Градишка. Имаше само 26 години. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост.

Tags
Весна Петрушевска
Тоше Проески

Најнови

  • „Тебе времето те претвори во вечност“: Весна Петрушевска емотивна на 19-годишнината од смртта на Тоше

    Fri, 10/16/2026 - 12:38
  • Во чест на саканиот вујко: Внукот на Тоше Проески објави фотографија на која се прегрнуваат

    Fri, 10/16/2026 - 12:16
  • „33 лета, две деца и згоден маж“: Софија Спасов прослави роденден со торта по желба на ќеркичката и круна на главата

    Fri, 10/16/2026 - 10:46
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.