Танц во темница и светлечко бебе: Хилари Свонк е бремена на 52 години, ја сподели веста со креативно видео
Хилари Свонк е бремена на 52-годишна возраст.
Популарната Оскаровка, која пред три години ги доби близнаците Аја и Ом, откри дека е бремена со третото дете. Радосната вест ја сподели на Instagram со симпатично и мошне креативно видео, во кое на необичен начин го покажа трудничкото стомаче.
Во видеото, снимено во целосна темнина, Свонк танцува со сопругот Филип Шнајдер и децата со разнобојни светлечки стапчиња прикачени на нивната облека кои им ги оцртуваат силуетите. Вистинското изненадување доаѓа кога се појавува Хилари, а на нејзиното заоблено стомаче се гледа малечка фигура на бебе.
Со духовита порака, актерката ја поврза бременоста со професијата, најавувајќи го наредниот „проект“: „Многу луѓе ме прашуваа на кој проект работам следно. Овој излегува во декември. 😉👼🏼🫶🏼“ – напиша таа.
Хилари за првпат стана мајка во април 2023 година, кога на 48-годишна возраст роди близнаци. Во претходни интервјуа, отворено зборуваше за одлуката да замрзне јајце-клетки на 37 и да роди деца на 48 години.
„Би имала деца и порано. Не велам дека активно чекав до 47 години. Но, тоа беше магично време во мојот живот кога сè кулминираше.“
„Благодарна сум што имав можност да замрзнам јајце-клетки за покасно. Тоа ти намалува дел од притисокот“ – рече холивудската ѕвезда.
За мајчинството во доцните 40-ти години, Свонк има споделено:
„Сега сум многу поразличен родител отколку што ќе бев порано, па дури и на почетокот од моите 40-ти години. Многу сум потрпелива. Имам многу повеќе разбирање. Многу повеќе сум заинтересирана на различен начин отколку што би била порано. Многу сум заинтересирана за нивните мозоци. Кариерата ми е веќе изградена, па не сум поделена. Можам да бидам вистински присутна за нив и да бидам вклучен родител“.
Ѕвездата од „The Million Dollar Baby“ стапи во брак со Филип во 2018 година.