Вчера вечерта се одржа доделувањето на наградите „Златна малина“. Најголем „победник“ беше филмот „The Last Airbender“ кој успеа да собере дури 5 златни малини, а четирите актерки од „Сексот и градот 2“ ги освоија наградите за Најлоши актерки и Најлоша екипа.
„The Twilight Saga's Eclipse“ и „The Last Airbender“ добија по 9 номинации за „Златна малина“, вклучително и номинации за Најлош филм, а Џенифер Анистон, Меган Фокс и Кристен Стјуарт се номинирани во категоријата Најлоша актерка.