Спотот на Ријана за песната „Where Have You Been“ ја доживеа својата премиера. Во егзотичното видео, Ријана танцува во џунгла, пустина и просторија дизајнирана со елементи карактеристични за африканските племиња, а заводливо го покажува своето тело и лежејќи во големо гнездо.