Според Клајв Дејвис, менторот на музичка дива Витни Хјустон, шоуто мора да продолжи затоа што така би сакала и самата Витни. Тој организираше забава во истиот хотел во кој почина пејачката само неколку часа по нејзината смрт, додека на четвртиот кат сè уште лежеше нејзиното безживотно тело.