Топлата сезона носи и нови трендови кои славните со радост ги прифаќаат. Свежа ментол облека, цветни панталони, фустани со чипка, федора шапки... Погледнете неколку летни трендови прикажани преку стајлингот на славните.
Пролетното сонце ја буди желбата за експериментирање со стилот на облекување. Пред да ја подготвите вашата наредна модна комбинација, за инспирација ѕирнете низ пролетните трендови кои ги предлага „People“, претставени преку стајлингот на холивудските дами.