Теона Манго, која стои зад Teona’s Wanderlust, најпрво го надополни своето виртуелно катче со фотографии од Лондон во божиќно руво, а потоа сподели и фотографии од новогодишните декорации во македонскиот главен град.
Волшебни катчиња од светот, занимливи препораки, промовирање на атрактивни локации од Македонија, шик модни комбинации кои зрачат со лежерна елеганција... сето тоа заробува погледи на блогот на Теона Манго.