Изговарањето на зборовите „Те сакам“ не е лесно. Мажите чекаат 88 дена пред да ја искажат својата љубов, додека на жените им се потребни во просек 134 дена за гласно да признаат дека го сакаат својот партнер.
Сакате да ја покажете љубовта кон вашиот партнер без да ги изговорите зборовите „Те сакам“? Прочитајте неколку едноставни начини како да го сторите тоа.
Заборавете на стереотипите дека мажите се поладни кога станува збор за љубовта. Ново истражување потврди дека мажите побрзо се заљубуваат од жените и први велат „Те сакам“ трипати почесто од претставничките на понежниот пол.
Според едно ново истражување, 64% од луѓето сметаат дека најчесто жените први велат „Те сакам“. Но, резултатите покажале дека всушност мажите се тие кои најчесто први изговараат „Те сакам“.