Фондацијата Т-Мобиле за Македонија веќе деветта година по ред организира хуманитарен Новогодишен карван за најранливите групи на деца. Од 24 до 28 декември, волонтерите на Фондацијата ќе организираат новогодишни претстави и ќе им поделат новогодишни пакетчиња на 1000 деца низ Македонија.