„Те сакам премногу. Ми недостигаш. Ти си моето срце... Отсега кога ќе се будам... кого ќе бакнувам?“... сопругата на нуркачот кој почина спасувајќи ги момците во Тајланд со емотивни пораки за храбриот херој.
Светот со денови се молеше за спасувањето на 12-те момчиња кои со својот тренер беа заробени во поплавена пештера во Тајланд. Конечно одекна среќната вест дека денес беа извлечени на безбедно и последните четири деца и 25-годишниот тренер.