По повеќе од две години работа на проектот и месеци интензивна продукциска работа, заврши снимањето на „Слушни ме“, музичкиот документарен филм создаден според идејата и вистинската животна приказна на Марко Маринковиќ - Слаткаристика.
Во студиото FAME’S во Скопје се снима оригиналната музика за „Слушни ме“, музички документарен филм за Марко Маринковиќ - Слаткаристика и неговиот личен пат со пелтечењето.