Ви студи? Научниците предлагаат да изгледате некој љубовен филм. Ново истражување покажало дека романтичните филмови можат да ни го затоплат срцето во студените зимски денови, па затоа и ги преферираме во овој период од годината.
„Титаник“ е прогласен за најдобар женски филм на сите времиња. Во онлајн анкета инспирирана од Св. Валентин, „Титаник“ доби најмногу гласови и ги победи другите романтични филмови како „Pretty Woman“ и „Dirty Dancing“.