Понеделникот секогаш доаѓа. Не можете да избегате од него, но можете да ги промените своите чувства кон овој „омразен“ ден. Прочитајте како можете да го направите секој понеделник поподнослив.
Забавниот викенд заврши, а работната недела само што започна. Па, логично е понеделникот да ја добие титулата „најочаен ден во неделата“. Ново истражување потврди дека луѓето најмногу се жалат во понеделник наутро и тоа во просек по 34 минути.
Повеќето луѓе ќе се согласат дека понеделникот е најдепресивниот ден во неделата, но ново истражување тврди дека расположението всушност е најлошо во вторник. Според истото истражување, луѓето се најдобро расположени во сабота.