Ако верувате дека лекот што го примате ќе ви помогне, тогаш си ги зголемувате шансите навистина да се случи тоа. Научниците откриле дека ставот на пациентите кон лековите може да влијае на нивниот ефект. Прочитајте како.
Истражувачите откриле дека плацебо таблетите делуваат дури и кај пациенти на кои изрично им било кажано дека тоа што го примаат не се вистински лекови. Научниците веруваат дека едноставниот „медицински ритуал“ го охрабрува мозокот да го активира процесот на лекување на телото.