Креации во весели воочливи бои ги освојуваа погледите на публиката на вчерашната манифестација People's Choice Awards. Погледнете што носеа ѕвездите и оценете го нивниот стил.
Синоќа во Лос Анџелес се одржа доделувањето на People's Choice Awards, награди за милениците на публиката. Од музичките ѕвезди најмногу награди собра Кети Пери, а „Хари Потер“ беше вистински победник во филмските категории.