Впечатливи палта, модерни чизми во војнички стил, елегантни марами во улога на маска, удобни плетива... Оливија Палермо ги синтетизира најсилните модни тенденции во комбинации кои ќе посакате да ги копирате.
Оливија Палермо во Париз покажа дека има истенчено чувство за склопување на шик комбинации со кои го одушевува модниот свет. Погледнете го нејзиниот моден маратон.
Како модна икона на денешницата, Оливија Палермо постојано е ангажирана од познатите брендови. 30-годишната блогерка шармира од рекламните фотографии од новата кампања на „Aerin“.