Актуелната колекција обувки на Стив Меден е вистински рај за очи. Земајќи ги пролетните трендови како основа, креаторите успеале да создадат модерни дизајни кои се неодолива мамка за женскиот поглед. Погледнете ги тука.
Колекцијата на Џими Чу за сезоната пролет/лето 2012 воглавно ја задржува елеганцијата како своја препознатлива карактеристика за да ја привлече секоја дама која посакува дополнителна женственост во своите чекори. Погледнете ги моделите тука.
Роберто Кавали за наредната сезона подготви колекција модни додатоци кои можат да ги задоволат вкусовите и на најпребирливите. Искусниот дизајнер со спој на сензуалното и романтичното направи еклектичка колекција на обувки и чанти на која не ѝ одолеаја ниту најголемите критичари. Погледнете ја тука.
Гаетано Пероне, дизајнерот кој стои зад модните додатоци и обувките на Александар МекКвин, создаде оптимистичка колекција за сезоната пролет/лето 2012. Погледнете ги фотографиите.
За дамите кои секојдневно сакаат да заведуваат во високи потпетици, италијанскиот бренд Loriblu создаде фасцинантна колекција со сваровски кристали, модерни бои и уникатни линии. Разгледајте ја тука.
Брилијантниот Маноло Бланик ја објави колекцијата обувки за сезоната пролет/лето 2012. Со користење на својата бескрајна имагинација и имплементирање на еднакви дози на грациозност и екстравагантност, познатиот дизајнер уште еднаш создаде неповторлива колекција. Погледнете ја тука.
Денес на сајтот на Кристијан Лобутин заврши одбројувањето до лансирањето на колекцијата за наредната сезона, па и официјално може да се каже дека неговото досегашно модно творештво е зголемено со уште една мајсторски создадена колекција. Погледнете ја тука.