Чандра Бахадур Данги вчера официјално од Гинис беше прогласен за најнизок човек на сите времиња. Претставници од Гинисовата книга на рекордите измерија дека 72-годишниот старец од Непал е висок само 54,6 сантиметри.
Џунреј Балавинг наскоро ќе стане најмалиот човек на светот. Кога во јуни ќе наполни 18 години, малиот Филипинец кој е висок нецели 56cm ќе влезе во Гинисовата книга на рекордите.
Со своите 70 сантиметри, младиот Колумбиец Едвард Нињо Ернандез успеа да добие сертификат од Гинисовата книга на рекорди со кој се потврдува дека е најнискиот човек во светот. Погледнете го.