Уште еден постхумен спот на Мајкл Џексон ја доживеа својата премиера. Музичкото видео беше објавено вчера, а е направено со учество на стотици обожаватели на Мајкл Џексон кои танцуваат како него и го пеат текстот на неговата песна „Behind the Mask“. Погледнете го видеото тука.
Само неколку дена пред излегувањето на новиот албум на Мајкл Џексон, на интернет се појави уште една од 10-те песни. Се работи за песната „Monster“, која е соработка на Мајкл Џексон со раперот 50 Cent. Слушнете ја тука.