На само неколку дена од големото отворање на новите продавници на Fashion Group во East Gate Mall, ви прикажуваме дел од парчињата на омилениот бренд Mango кој во трговскиот центар доаѓа со уште две нови колекции – машка и детска.
Урбани вибрации владеат во новата кампања на Mango. Шпанскиот бренд ги претстави своите најнови креации за претстојната сезона преку фотографии и видео од Њујорк.