Започна добро познатиот детски ликовен конкурс на Ладна, кој првонаградените заедно со нивните семејства ќе ги однесе во престолнината на Франција, градот Париз и тоа на тридневно незаборавно доживување во Дизниленд.
Минатата година Ладна ѝ овозможи на Ана и нејзиното семејство да ја почувствува магијата на Дизниленд Париз. Сега, брендот ве повикувa да учествувате на новиот детски ликовен конкурс за да освоите патување во волшебниот парк.
Веќе трета година по ред „Ладна“ го започнува својот детски ликовен конкурс за избор на најдобрите цртежи кои ќе бидат наградени со незаборавно патување во парискиот Дизниленд. Оваа година темата на која децата ќе треба да цртаат е „Животните и водата“.