Американски истражувачи откриле дека ресвератролот (супстанција што ја има во грозјето и црвеното вино) го спречува оштетувањето на крвните садови во очите коешто настанува поради староста.
Научниците тврдат дека грозјето го намалува крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето и ги намалува другите фактори кои придонесуваат за развивање на срцеви болести и дијабетес.