„Green Forces“ ја размрда Европа. Ѕвездите од „Дајте музика“ со енергичен настап ја освоија публиката во Париз и многубројните гледачи од Стариот континент.
Претседателот Стево Пендаровски, врвниот ракометар Кире Лазаров, Успешната пејачка Каролина Гочева се само дел од истакнатите лица кои ги бодрат ѕвездичките од „Дајте музика“.
Со развиорени македонски знамиња, Green Forces од „Дајте музика“ на социјалните мрежи им се заблагодарија на сите фанови за поддршката што ја добиваат.