Во рамките на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска ја освои престижната награда од жири комисијата „Ecumenical“ и наградата „Guild Film Prize“.
Најновиот филм на Теона Стругар Митевска, „Господ постои, името ѝ е Петрунија” кој е во главната конкуренција на престижниот Берлински Филмски Фестивал, својата премиера пред интернационалната публика ќе ја има на 10-ти февруари.