И оваа година, од 12-ти до 14-ти јули, по 46-ти пат, на падините на планината Бистра, во живописниот Галичник, ќе се одржи традиционалната културно-сценска манифестација Галичка свадба.
Оваа година судбоносното „Да“ во живописниот Галичник ќе го кажат невестата Тања Лепческа, која е по потекло од Галичник, и младоженецот Златко Димовски.