Луѓето обожаваат да зборуваат за себе, па затоа на Facebook можете да пронајдете секакви информации за вашите пријатели. Истражувачи од Харвард тврдат дека тоа е така затоа што луѓето кои зборуваат за себе чувствуваат слично задоволство како задоволството предизвикано од храната, сексот или парите.